Репрезентација
Димитриевски: Резултатот од Манчестер не беше реален, да го покажеме нашето вистинско лице!

Столе Димитриевски брани во извонрена форма за Рајо Валјекано и е еден од најдобрите голмани во Ла Лига, но сепак македонскиот чувар на мрежата не може сам да се одбрани од налетите на противничките селекции.
Димитриевски често ја вадеше топката од својата мрежа на последните натпревари кои ги одигра со националниот тим, но посебно до израз доаѓаат оние седум на „Олд Трафорд“, како и петте кои ги прими против Италија во Рим.
– Лошо се чувствувам кога примаме толку голови, но ние сме селекција која има многу нови играчи и се уште се запознаваме и се вклопуваме. Работиме како тим, во нападот имаме играчи кои можат да решат ситуација со еден потег, но во одбрана мораме да се браниме како тим.
– Натпреварот во Манчестер беше многу тежок за нас како тим, тој резултат не е реален според квалитетот кој го поседуваме, но во фудбалот има и такви порази. Утре имаме шанса да се докажеме на домашен терен, да покажеме дека сме подобри и поквалитетни од првиот меч. Сакам да се прикажеме во вистинско светли, да одиграме без притисок и онака како што знаеме.
– Двете селекции немаат за што да играат, нека биде фудбалски спектакл, иако пред три дена игравме меч со Италија. Верувам дека ќе покажеме подобра игра, се надевма дека ќе одиграме за публиката и дека ќе гледаме тензичен и интересен меч, – изјави Столе.
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 17 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 20 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 19 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 16 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Германијапред 23 часа
Баерн бара наследник на Нојер, фокусот повторно кон Серија А