Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски пред малото градско дерби со Реал: Белингем е комплетен фудбалер, но ние имаме наш план

Објавено

на

Столе Димитриевски направи едно ексклузивно интервју за „Ел Еспањол“ пред малото градско дерби кое се игра вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, стадион на кој силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Рајо Валјекано.

Тимот од мадридското предградие секако не привлекува популарност и емоции како лутиот градски ривал Атлетико, но Рајо во последно време е препознатлив по својот атрактивен и допадлив фудбал, со кој лани направи изненадување на „Валјекас“ и го победи Реал.

Рајо славеше со 3:2 и потоа беше блиску до реми и на „Бернабеу“, но прими гол од Родриго во 89-та минута и на крајот загуби со 2:1. За разлика од лани, Реал сега има голем ресурс плус во нападот, па наместо на Карим Бензема, Столе вечерва ќе мора да внимава на Џуд Белингем.

– Сите видовме со какви квалитети располага Белингем. Тој е комплетен фудбалер и со неговите влезови во опасната зона направи да постигне многу голови. Не се само головите, тој е комплетен фудбалер кој може да му донесе многу на Реал. Сепак, ние не се потпираме на нивните поединци, имаме стратегија како треба да се соочиме со нив и план како тимски да ги сопреме. Треба да го спроведеме нашиот план и да го испочитуваме до целост.

– Мора многу да се жртвуваме за да имаме шанси, истото важи и за играчите кои ќе влезат од клупа. Се треба да се поклопи за да имаме шанса за победа, но тоа нема да биде нешто ново за нас. Лани ги победивме на домашен терен со 3:2, – вели Димитриевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни