Поврзете се со нас

Репрезентација

Димитриевски: Ова е посебен меч за мене, треба да бидеме…

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација се подготвува за вториот пријателски меч во овој „прозорец“, соочување со Црна Гора кое е закажано за утре на стадионот „Мардан“ во Анталија.

Македонија пред неколку дена не го оправда статусот на фаворит во дуелот со Молдавија, додека пак Црногорците беа подобри од Белорусија со 2-0, па дефинитивно ова е најава дека не очекува интересна, борбена балканска пресметка.

Милевски посочи каде мора да се подобриме: Мораме да го подигнеме нашето ниво, посебно…

Голманот, Столе Димитриевски му се радува на овој натпревар кој за него е посебен и во кој според него ќе мораме да бидеме на највисоко ниво 90 минути ако сакаме позитивен резултат, победа.

-Сметам дека Црна Гора е поквалитетна репрезентација од Молдавија. За мене посебен натпревар затоа што токму против Црна Гора дебитирав во дресот на македонската репрезентација во победата од 3:1 во Скопје. Ќе биде потешко отколку со Молдавија. Треба да ни биде концентрацијата на највисоко ниво и да бидеме дисциплинирани во текот на сите 90 минути, -истакна членот на Рајо Валјекано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни