Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски посочи каде мора да се подобриме: Мораме да го подигнеме нашето ниво, посебно…

Објавено

на

Македонија не го оправда статусот на фаворит во дуелот со Молдавија каде на крајот моравме да се задоволиме само со реми од 1-1, но тоа е веќе зад македонската репрезентација која утре ја очекува нов тест и тоа со соодветната селекција на Црна Гора.

И таа средба се игра во Анталија и тоа на стадионот „Мардан“ каде селекторот Благоја Милевски се надева дека ќе се преставиме во подобро издание и ќе биде пред се поефикасни во нападот.

-Не очекува исклучително квалитетен противник, со исклучително квалитетни фудбалери кои настапуваат во силни европски тимови. Мораме да го подигнеме нашето ниво, посебно во завршната фаза на реализација. Ќе има промени во составот. Тоа е целта на овие натпревари. Да ги видиме фудбалерите и нивниот квалитет и потенцијал, -порача Милевски.

Инаку Црна Гора на првиот нејзин тест во овој „прозорец“ ја доби Белорусија со 2-0 со головите на Марушиќ и Крстовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни