Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски играч на натпреварот, Рајо Валјекано му одолеа на големиот Реал Мадрид (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RayoVallecano

Рајо Валјекано предводен од нашиот Столе Димитриевски направи големо изненадување и остана непоразен во соочувањето со Реал Мадрид во рамките на 12. коло во Примера.

„Кралевите“ влегоа во ова соочување како апсолутни фаворити и малкумина веруваа дека ќе направат кикс на „Сантијаго Бернабеу“, но токму тоа се случи или поточно на нивниот пат им застана македонскиот репрезентативец. Димитриевски беше на највисоко ниво, имаше неколку добри интервенции од кои дефинитивно се издвојува онаа во 6. минута кога му одбрани зицер на Валверде во ситуација еден на еден.

Столе одличен на „Бернабеу“: Димитриевски му одбрани зицер на Валверде (ВИДЕО)

Избраниците на Анчелоти постојано притискаа, закануваа, упатија преку 20 удари, но ниту еден не заврши зад грбот на македонскиот голман. Токму Димитриевски беше прогласен и за играч, МВП на натпреварот што е навистина убаво признание за членот на Валјекано.

Реал сега има 29 бода, два помалку од лидерот Џирона и два повеќе од третопласираната Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни