Поврзете се со нас

Боречки спортови

Дијаз дебитираше во боксерскиот ринг и претрпе пораз од јутјуберот Пол (Видео)

Објавено

на

Нејт Дијаз дебитираше во боксерскиот ринг откако стави крај на својата легендарна УФЦ кариера, но иако се очекуваше да победи против јутјуберот Џејк Пол, на крајот пресуди искуството на познатиот инфлуенсер кој е голем вљубеник во борбите.

Фановите можеа да уживаат во вистински спектакл во Американ Ерлајн центарот во Далас и двајцата борци издржаа десет рунди во рингот, но на крајот судиите сосема заслужено му ја доделија победата на Џејк.

Пол стигна до осма победа во кратката бокс кариера и со едногласна одлука на тројцата судии славеше над Дијаз, за кого ова беше сосема ново и поинакво искуство и се виде дека нема природни движења за одговори на налетите на противникот.

Гласовите на судиите беа 97:92, 98:91 и 98:91 во корист на победникот кој продолжи да гради искуство на боксерсиот ринг, а бидејќи борбата беше навистина спектакуларната, двајцата најавија дека ќе ги одмерат силите и во изменети улоги.

Нејт Дијаз побара борба во УФЦ услови, а Џејк Пол веднаш одговори позитивно и најави дека ќе се подготви за борба во октагонот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни