Поврзете се со нас

Франција

Дигари го подбра Мбапе: Неговото однесување на дуелот со Барселона беше скандалозно

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ доживеа пораз на домашен терен од Барселона во првиот од двата четвртфинални натпревари меѓу овие две екипи во Лигата на шампионите, а Килијан Мбапе одигра под своето ниво на дуелот во Париз.

Барса добро го неутрализираше францускиот репрезентативец, кој во меѓувреме заработи и многу критики, вклучувајќи ја таа од Кристоф Дигари.

Поранешниот напаѓач смета дека Мбапе се однесувал непрофесионално на целиот дуел и поради тоа заслужува критики.

– Мбапе се покажа во најлошо светло од фудбалски аспект и во најлошо светло како топ светски играч.

– Може да погрешите додавање, дриблинг и да имате лош ден, но неговото однесување на теренот беше скандалозно и покажува недостиг на почит, – истакнал поранешниот француски репрезентативец, кој подолго време смета дека Мбапе веќе размислува за својот следен клуб, а очекувано е тоа да биде Реал Мадрид.

Шпанските медиуми тврдат дека Мбапе ќе го потврди трансферот откако ќе биде елиминирана шансата ПСЖ и Реал да се сретнат во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни