Поврзете се со нас

Свет

Диего Коста ќе настапува за тимот за кој навивал во детството

Објавено

на

Диего Коста остана без ангажман откако ја заврши соработката со Атлетико Мадрид, а бразилските медиуми се убедени дека ќе се врати во својата татковина.

Коста е пред враќање во родниот град Сао Пауло и потпишување двегодишен договор со Палмеираш.

Напаѓачот како дете навивал токму за овој бразилски тим, па сега сака да ја оствари желбата да го носи дресот на екипата која беше јужноамерикански шампион во 2020 година и неодамна учествуваше на Светското клупско првенство.

Палмеираш ќе му плати по 3 милиони по сезона на Коста, а преговорите ќе бидат финиширани наскоро бидејќи и фудбалерот е во Бразил.

За Коста се интересираа богати клубови од повеќе континенти, но на крајот очигледно ќе заврши во составот од Сао Пауло.

Тој ја започнал кариерата во Барселона Еспортива Капела, а сениорската кариера ја започна во португалскиот клуб Брага.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни