Поврзете се со нас

Италија

Дибала со порака го најави утрешното збогување: Мислев дека ќе бидеме заедно подолго…

Објавено

на

Пауло Дибала се подготвува за последниот настап пред фановите на Јувентус, а во пресрет на утрешното дерби со Лацио, Аргентинецот испрати емотивна порака до фановите и сите кои се дел од приказната на „бјанконерите“.

Пред почетокот на сезоната делуваше нереално дека Дибала нема да остане во Јувентус по крајот на актуелниот договор, но преговорите завршија со одлука на клубот за разделба по финишот на Серија А.

Дибала попладневно преку социјалните мрежи се обиде да објасни како се чувствува

– Тешко е да се најдат вистински зборови за овој последен поздрав, поминаа многу години во кои имаше многу емоции…

– Мислев дека ќе бидеме заедно подолго, но судбината не носи во различни насоки, нема да заборавам ниту едно искуство, ниту еден гол и натпревар. Со вас израснав, учев, живеев и сонував. Поминаа 7 магични години, 12 трофеи и 115 постигнати голови кои никој не може да ни ги одземе.

– Ви благодарам што ме поддржувавте и во најтешките моменти, утре ќе биде мој последен натпревар, нема да биде лесно, но ќе влезам на теренот со насмевка на лицето, знаејќи дека го давав максимумот за овој тим, – напишал Дибала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulo Dybala (@paulodybala)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни