Европски првенства
Дешамп за елиминацијата на Франција на ЕП: Една работа ме прогонува…

Французите уште долго ќе ја паметат болната елиминација во осминафиналето на последното Европско првенство, а селекторот Дидие Дешамп првпат зборувал поотворено за дуелот со Швајцарија и она што го прогонува од таа средба.
Франција водеше со 3:1 на десетина минути до крајот, но не само што ја испушти предноста, туку подоцна беше елиминирана на пенали.
– Најмногу ме прогонува една работа, а тоа е сознанието за потенцијалот кој го имавме и реалноста за тоа што го направивме во тие завршни минути.
– Водевме со 3:1 до 80. минута, но требаше да знаеме дека ништо не е решено. Имаме квалитет и менталитет во нашата ДНК, нормално е дека постои одредена нервоза во тие моменти, но мораше да знаеме дека ништо не е готово. Требаше да ги искористиме шансите, а како да не бевме доволно сериозни.
– Тука беше и продолжението во кое требаше да одиграме подобро и да ги искористиме шансите. Јас сум најодговорен бидејќи го правам изборот на фудбалери и тактика, точно е дека направив погрешен избор, но тоа е дел од фудбалот, – вели Дешамп.
-
Англијапред 20 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 20 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
ВТАпред 22 часа
Серена Вилијамс најави повлекување од тениската сцена
-
Шпанијапред 6 часа
Модриќ: Сега цел свет се запозна со нешто што јас го знаев со години
-
Англијапред 23 часа
Рио ги именуваше тројцата напаѓачи од Премиер лигата кои не можел да ги поднесе
-
Англијапред 16 часа
Карагер по неуспешниот старт на Ливерпул: Нема потреба од паника, сакам Клоп да..
-
Англијапред 14 часа
Звучи неверојатно: На Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓач кој ги помина Реал, Јувентус, Челси и Атлетико
-
Лига на шампионипред 6 часа
Ристовски не се согласува со хрватската јавност по чудниот меч на „Максимир“: Таков е фудбалот