Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро: Фудбалерите на Јувентус делуваат конфузно

Објавено

на

Алесандро Дел Пјеро почна да ги коментира случувањата во Серија А за телевизиската мрежа „ЕСПН“, а сега зборувал за актуелната криза во неговиот поранешен клуб Јувентус.

Таа кулминираше по шокантниот пораз од Беневенто, а Дел Пјеро има свој став за тоа што се случува во Торино.

– Не треба да се фокусирате на грешката на Артур, туку на фактот што истата работа се случи и против Порто. Недостигот на концентрација е загрижувачка, а со тоа и резултатите се загрижувачки.

– Кога градите тим имате различни профили на фудбалери, тренери, услови и ситуации, но сето тоа мора да биде обединето и да се направи некое заедништво. Она што се случува сега во Јувентус е конфузија, фудбалерите не изгледаат како да се заедно во тоа што го прават. Јувентус ве тера да го давате максимумот, но тие не се поврзани меѓу себе.

– Не можете да загубите на ваков натпревар. Играта беше лоша, а Јувентус загуби од Беневенто кој немаше победа три месеци и не победил досега на гостински терен, – истакнал Дел Пјеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни