Поврзете се со нас

Светски првенства

Црна Гора ја испоти Шпанија, Шведска рутински го надигра Бразил

Објавено

на

Црна Гора успеа да ја изнамачи фаворизираната Шпанија и покажа храброст во дуелот со „фуријата“, селекција која традиционално во последните години е во борба за најважните одличја.

Црногорците долго одолеваа и беа во чекор со противникот, но завршната серија на Шпанците се покажа како клучна за победата остварена со резултат 30:25.

Фернандез и Одриозола постигнаа по пет гола во триумфот на Шпанија, додека најефикасен на средбата беше Вујовиќ со седум погодоци.

Вечерва, стартна победа оствари и кодомаќинот на турнирот, селекцијата на Шведска, која како актуелен европски шампион играше доста релаксирано со Бразил.

Иако не воодушевија, Швеѓаните остварија сигурна победа од 26:18 и ги освоија првите бодови на Светското првенство. На третиот меч кој се играше во истиот термин, Исланд беше подобар од Португалија со 30:26.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни