Поврзете се со нас

АТП

Циципас изненаден како Медведев освоил грен-слем со таков стил на игра

Објавено

на

Стефанос Циципас не успеа да дојде до можност да се бори за трофејот на Ју-Ес Опен, а неговото име најмногу се споменуваше поради контроверзните долги тоалет паузи во критичните моменти на мечевите.

Неколку недели подоцна, грчкиот тенисер дал интересна изјава во интервју за медиум од неговата земја, во која вели дека тенисот на Медведев е неинвентивен.

– Медведев е многу опасен противник, но неговиот стил на игра е еднодимензионален. Не би рекол досаден, туку еднодимензионален.

– Ме изненади што со таков стил на игра, успеа да го освои тоа што го освои, вклучувајќи и грен-слем титула.

– Сепак, тој очигледно е најдобар тенисер во моментов, бидејќи тоа го докажа со своите резултати, – изјавил Циципас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни