Поврзете се со нас

Олимписки игри

Чупиќ ја инспирираше Хрватска за голем пресврт против Португалија

Објавено

на

Хрватската ракометна репрезентација го искористи настапот на инспирираниот Иван Чупиќ за голем пресврт на дуелот со Португалија (25:24) и приближување до место кое води на Олимписките игри во Токио.

Португалците на полувреме имаа плус четири, во вториот дел стигнаа и до шест голови предност, но Хрватска успеа да направи пресврт во Монпелје и забележа многу важна победа против директниот ривал за едно од првите две места во групата.

Чупиќ одигра уште еден перфектен натпревар за својата репрезентација, а најмногу благодарение на него, хрватската селекција имаше одличен финиш.

Крилото на Вардар го заврши натпреварот со 9 голови и без промашување, а најблиску до него биле Циндриќ и Мандиќ со по 4 погодоци.

Хрватска треба да се надева дека Франција нема да загуби утре против Португалија и да го победи Тунис за сигурен пласман во Токио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни