Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чилвел за ремито на Челси: Најважно е што не примивме гол

Објавено

на

Челси не успеа да постигне гол, ниту да го победи тимот на Севилја на премиерата во Лигата на шампионите, што е второ реми по ред за тимот на Френк Лампард, по тоа против Саутемптон во Премиер лигата.

Сепак, Бен Чилвел вели дека за Челси најважно е што успеал да го сочува својот гол по трите примени за викендот.

– Најважното нешто од оваа средба е фактот што не примивме гол. Знаевме дека луѓето ќе следат што ќе се случува откако примивме три гола во саботата.

– Одигравме солидно во дефанзива против квалитетна екипа, не им дозволивме да направат многу шанси, па мора да бидеме задоволни со реми и без примен гол.

– Она што е најразочарувачко е што немаме поддршка од фановите на стадионот, но ние фудбалерите остануваме максимално мотивирани, – истакнал Чилвел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни