Поврзете се со нас

Свет

Червар за новиот хрватски селектор: Бев среќен кога видов колку ќе заработува Сигурдсон, време е да ми ги вратат парите!

Објавено

на

Дагур Сигурдсон стана првиот странски тренер кој ќе ја води хрватската ракометна репрезентација, а таквиот потег на сојузот во оваа земја предизвика низа реакции во регионот.

Во моментите кога „коцкестите“ почнаа да тонат на светската ракометна сцена, раководството брзо реагираше со промена на Перковац по крајот на Европското првенство, а ангажамнот на Сигурдсон носи голем престиж, но и сериозно финансиско оптеретување за ракометни услови.

Како што пренесоа хрватските медиуми, Сигурдсон ќе добие еден милион евра за договорот со Хрватска, а ова го натера Лино Червар да си ги побара парите кои ракометниот сојуз му ги должи со години.

– Сигурдсон е добар тренер и го ценам како работник. Немам намера да се вметнувам во нашите класични хрватски препукувања. Јас сум искусен тренер, не сум кикирики…… Мајстори сме да создадеме слон од глушеш, а од слон да направиме глушец. Тренерската работа е многу тешка, ви се суди на секој натпревар на кој го водите тимот.

– Мене повеќе ме загрижуваат луѓето во канцелариите, оние кои носат одлуки. Кога ќе се направи пресметка на се, прашањето е што направија за ракометот? Челниците на сојузот треба да бидат луѓе кои се грижат за спортот, а ние немаме ракометен дом. Дагур Сигурдсон навистина го почитувам и не би навлегувал дополнително за неговите квалитети, но можам да кажам дека бев среќен кога видов колку ќе биде платен од сојузот. Зошто? Бидејќи ова е добра прилика да ми ги вратат парите….

– Ми должат 240 илјади марки за две сезони и тоа стои во старите договори кои ги имам. Слушнав дека ги исплатиле сите долгови кон играчите и тренерите, се прашувам зошто јас не дојдов на ред? Ако имаат толку пари за странски тренер, тогаш очекувам да ме викнат секој ден и да ми ги вратат парите. Ако не ги добијам, ќе ги барам од други инстанци, од Олимпискиот клуб, или од ресорното министерство за спорт. Ако после се што направив за хрватскиот ракомет, не ми се врати она што ми припаѓа, тогаш не знам за какви критериуми зборуваме во оваа земја. Не сум саркастичен, ова е жива вистина, имам договор и очекувам да бидам исплатен, – вели Червар во интервјуто за „Индекс“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни