Поврзете се со нас

Светски првенства

Червар по ремито со Јапонија: Ова не е шокантен резултат

Објавено

на

Хрватска едвај извлече бод во дуелот со Јапонија и тоа во натпревар на кој фаворитот постојано заостануваше резултатски и постигна резултат со кој ги разочара своите фанови.

Составот предводен од Лино Червар беше најавен како еден од фаворитите за највисок пласман на Светското ракометно првенство во Египет, но за такво нешто ќе мора да игра на многу повисоко ниво.

Сепак, Червар вели дека резултатот не е шокантен и очигледно поинаку гледа на денешното реми.

– Ова не е шок, шокантно беше што однапред се зборуваше дека лесно ќе ги победиме Јапонија и Катар и дека одиме по златото.

– Тие се добра репрезентација која се подготвува да биде домаќин на Олимписки игри, а ние не влеговме како што треба во натпреварот и потфрливме во одбрана.

– Мора да ги пофалам и моите ракометари затоа што не се откажаа, на крајот можевме и да победиме, Циндриќ на крајот не можеше, но се обиде да помогне. Мора да извлечеме поука, не смее да се потцени ниту еден противник, барем освоивме бод денеска.

– Ние не сме Франција да имаме 100 шутери, ги имаме Мариќ и Мартиновиќ, од кои едниот не игра стандардно во својот клуб. Јапонија играше добро, не сакам да го омаловажам нивниот квалитет и настап, – изјавил Червар за хрватските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни