Поврзете се со нас

Боречки спортови

Чекор поблиску до Париз по новиот успех за Дејан Георгиевски: Сребрен медал од Президент купот

Објавено

на

Еден од најпознатите индивидуални спортисти во Македонија, Дејан Георгиевски имаше уште еден забележителен настап на интернационална сцена.

Таеквондистот настапи на Президент купот кој се одржа во Тирана, Албанија и успеа да стигне до бронзениот медал.

Во финалето, Георгиевски беше поразен од стариот должник, Русинот, Владислав Ларин кој му застана на патот и до златниот медал на Олимписките игри во Токио.

Овој резултат од Тирана на Георгиевски  му носи нови поени во рангирањето со што дополнително се зголемија шансите тој да настапи на следните Олимписки игри кои во 2024 година ќе се одржат во Париз.

За потсетување, Дејан Георгиевски е првиот Македонец во независна Македонија кој донел медал од Олимписките игри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни