Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Се уште боли заминувањето на Меси, но сега има…

Објавено

на

Барселона под водство на легендата на клубот, Чави Ернандес се обидува да изгради нова победничка генерација, тим кој ќе може постојано да биде конкурентен и да носи титули.

Тоа нема да биде лесно и покрај сериозните вложувања, промени во тимот кои настанаа по доаѓањето Ернандес, промени кои дојдоа откако клубот влезе во криза која кулминираше со заминување на главната ѕвезда, Лионел Меси.

Мина повеќе од една година од поздравот на Аргентинецот со Барселона, но според Чави клубот се уште не може да го преболи напаѓачот затоа што се работи за најдобриот играч во историјата.

-Нема да го преболиме заминувањето на Меси бидејќи тој е најдобриот играч во историјата. Сепак сега има и други играчи кои се предодредени да испишуваат историја, но нема да биде лесно, -порача Чави.

Во јавноста се појавија информавии дека Барселона ќе се обиде да го врати Лео во 2023 година, па останува да видиме дали ова навистина е реално сценарио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни