Поврзете се со нас

Шпанија

Чави е вистински перфекционист: Познато што пишувало на ливчето наменето за Торес при резултат 5:1 (Фото)

Објавено

на

Барселона на посакуван начин ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите и го продолжи трендот да постигнува повеќе погодоци на натпреварите во последно време, а до израз повторно дојде квалитетот на Роберт Левандовски кој постигна хет-трик против Викторија Плзен.

Чесите настрадаа на „Камп Ноу“ и примија пет гола во својата мрежа, но и покрај уверливото издание и мирната завршница која ја имаше Барса, еден момент во 81-та минута привлече доста внимание.

Пабло Торе доби шанса во самиот финиш на местото на Франк Кеси, но додека влегуваше на теренот, му предаде ливче со инструкции кое Чави го подготви за Феран Торес.

Младиот Пабло Торе по натпреварот откри дека не видел што пишува и дека само го предал ливчето до својот соиграч, но сега „Мундо Депортиво“ дојде до малото парче хартија и ја откри содржината. Во истото се кријат дефанзивни инструкции за Феран Торес, односно како да чува и да се поставува при прекини.

– При дефанзивен корнер, чувај го играчот со број 2. При дефанзивен фаул од страна, биди прв во линија, при жив-ѕид биди четврти играч, – гласата инструкциите од Чави.

Ова ливче само ни презентира дека Чави ги разработува работите до најситен детаљ и размислува за најмалите нешта дури и при резултат кој гарантира сигурна победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни