Поврзете се со нас

Германија

Борусија си обезбедила засилување од Бундеслигата за следната сезона

Објавено

на

Борусија Дортмунд со одлична серија се врати во трката за шампионската титула во Германија, а раководството веќе размислува за засилувањата за наредниот период.

Според голем број германски медиуми, клубот веќе има договор со одличниот Даичи Камада, членот на Ајнтрахт кој игра одлична сезона во својот актуелен клуб.

Договорот на Јапонецот со Ајнтрахт истекува во јуни, па тоа го прави потегот на Борусија уште поважен, затоа што клубот нема да плати отштета за 26-годишниот играч.

Борусија и Камада имаат договор кој засега не е официјално потпишан, но се очекува да биде респектиран по почетокот на преодниот рок.

Јапонецот сезонава постигна 13 гола и има 5 асистенции во дресот на Ајнтрахт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни