Поврзете се со нас

Италија

Бонучи на принудна пауза, ги пропушта натпреварите на Италија во Лигата на нации

Објавено

на

Леонардо Бонучи подолг период се жалеше на болки на бутниот мускул, а денеска лекарите во италијанската репрезентација детектирале дека има проблем поради кој мора да мирува.

Дефанзивецот на Јувентус поради тоа се враќа во Торино и ќе ги пропушти натпреварите од Лигата на нации против Полска и Босна и Херцеговина.

– Сакав да бидам тука по секоја цена, но за жал тоа нема да биде доволно.

– Се обидов се што можев, стискав заби последните дваесетина дена, чувствував болка и на натпреварот против Лацио.

– Клупските лекари ќе одредат колку време ќе ми треба да се вратам, на колегите од националниот тим им посакувам да ја продолжат добрата серија и без мене, – изјавил Бонучи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни