Поврзете се со нас

Атлетика

Болт организирал роденденска забава, па сега е заразен со коронавирусот

Објавено

на

Јусеин Болт имал позитивен тест на коронавирусот и се наоѓа во изолација, објавија медиумите во Јамајка, не прецизирајќи дали атлетската легенда има симптоми од опасната зараза.

Болт минатата недела правел роденденска забава на која поканил многу гости, но тие не се придржувале до мерките за заштита од вирусот, што се гледа и од објавеното видео.

Викендов Болт направил тест и дознал дека е позитивен на КОВИД-19, по што сега барем две недели ќе биде во изолација.

Спринтерот кој се уште е сопственик на многу рекорди по забавата изјавил дека била „најдобра досега“, но очигледно и самиот ќе ја плати цената за начинот на кој се забавувал со пријателите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни