Поврзете се со нас

Европски купови

Битола ќе гори за пресметката со Нексе: Салата „Боро Чурлевски“ е целосно распродадена за еден час

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер ќе има огромна поддршка за реваншот против Нексе во осминафиналето на ЕХФ Европската лига.

Имено составот од Битола објави дека сите билети се распродадени за само еден час што значи дека хрватскиот претставник го очекува пеколна атмосфера на 5 април во салата „Боро Чурлевски“.

Македонскиот вицешампион загуби со три разлика во Нашице (29:26), меѓутоа бодрени од навивачите избраниците на Бабиќ дефинитивно ќе имаат голема шанса за реванш, а со малку среќа и пласман во следната фаза на ова натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни