Поврзете се со нас

Англија

Бербатов: Тотенхем избра лош тајминг за отказот на Мурињо, знам што треба да направи Леви

Објавено

на

Поранешната ѕвезда на Тотенхем, Димитар Бербатов, вели дека е изненаден од тајмингот во кој е врачен отказот за Жозе Мурињо.

Бугаринот смета и дека првиот човек на клубот, Даниел Леви, треба да му даде шанса на актуелниот вршител на должноста менаџер, Рајан Мејсон.

– Изненаден сум што Тотенхем го отпушти Мурињо, тајмингот беше ужасен, до финалето на Лига купот има само неколку дена. Клубот се бори за прв трофеј по 13 години, а без разлика што мислите за Мурињо, тој е тренер кој освојувал трофеи во сите клубови во кои работел, – изјавил Бербатов.

Поранешниот напаѓач посакува раководството да му даде шанса на Мејсон.

– Тотенхем има потреба од млад менаџер со свежи идеи. Важен е и атрактивниот фудбал, бидејќи фановите на клубот би избрале пораз со 4:5 наспроти победа со резултат 1:0 и да заспијат. Би било убаво Рајан Мејсон и Ледли Кинг да го водат тимот, мислам дека шансите за такво нешто се 50 проценти, – рекол поранешниот фудбалер на Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни