Поврзете се со нас

Англија

Бенитез пред промоција како нов менаџер на Евертон

Објавено

на

Рафаел Бенитез е блиску до враќање во Премиер лигата и веројатно ќе ја прифати понудата на Евертон.

„Скај Спортс“ тврди дека шпанскиот стручњак бил прв избор на раководството на „карамелите“ по заминувањето на Карло Анчелоти, а сега била испратена и официјална понуда за соработка.

Бенитез е без ангажман откако во јануари се раздели со кинески Далијан, а ќе се врати во Премиер лигата две години откако го напушти Њукасл.

Шпанецот ја добил битката со Нуно Еспирито Санто, кој исто така бил во комбинација, додека Дејвис Мојс се елиминирал себеси со потпишувањето нов договор со Вест Хем.

Враќањето во Ливерпул сигурно нема многу да им се допадне на фановите на „црвените“, екипа која беше водена од Бенитез меѓу 2004 и 2010 година и со која освои трофеј во Лигата на шампионите.

Подоцна тој беше во Челси, Реал Мадрид и Наполи, за европската кариера да ја прекине привремено со разделбата со Њукасл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни