Поврзете се со нас

Англија

Белингам ја спаси Англија од пораз и предизвика еуфорија на „Вембли“ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/uafukraine

Англија имаше негатива во најголем дел од пријателскиот натпревар со Белгија, но на крајот успеа да се извлече без втор пораз во неколку дена.

По неуспехот против Бразил, Англичаните вечерва одиграа 2:2 против Белгија, а средбата ја започнаа со киксот на голманот Пикфорд и водечкиот гол на гостите, реализиран преку Јури Тилеманс.

Малку подоцна, Тони од пенал го врати натпреварот на почеток, но расположениот Тилеманс погоди уште еднаш пред крајот на полувремето за 1:2.

Тој резултат беше актуелен до 96. минута, кога Џуд Белингам повторно се снајде најдобро во противничкиот шеснаесетник, поставувајќи ги конечните 2:2.

Голот предизвика еуфорија на „Вембли“ и навистина голема радост кај фановите и селекторот Герет Саутгејт.

Погодокот на Белингам може да го видите ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни