Поврзете се со нас

Свет

Бејл конечно даде одговор за тоа дали заминува во пензија

Објавено

на

Герет Бејл се налути и побегна од официјалното интервју по крајот на мечот кога беше запрашан дали става крај на својата репрезентативна и играчка кариера, постапка со која направи светските медиуми да продолжат да шпекулираат за неговата иднина.

Велшанецот со овој потег отвори сомнежи дека навистина планира да му каже збогум на фудбалот на само 31 година, но сепак тоа нема да се случи бидејќи подоцна со ладна глава, одработил интервју за „S4C“ во кое објаснил зошто не одговорил на тоа прашање по болниот пораз од 4:0 во осминафиналето на Европското првенство.

Велс беше потопен од Данска, нервозниот Бејл предвреме го заврши интервјуто по едно прашање (ВИДЕО)

– Сакам да продолжам да играм фудбал, луѓето прашуваат глупави прашања во погрешно време и тоа се случува многу често. Јас уживам да играм за Велс и така и ќе остане.

– Ќе играм за Велс се до последниот ден од мојата кариера. Се додека играм фудбал, ќе играм и за Велс, тоа е сигурно, – порача Бејл кој потврди дека продолжува да игра бидејќи говореше и за квалификациите на Светското првенство.

– Во тек се и квалификациите за Светското првенсво и тие се на самиот старт. Мора да добиеме искуство од ова Европско првенство, оваа горчина да ја преточиме во нешто позитивно. Мора да имаме самодоверба и понатаму, да веруваме во тоа што го правиме и верувам дека ќе се пласираме на Светското првенство, – изјави Бејл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни