Поврзете се со нас

Мото ГП

Бастијанини победи во Тексас и го предводи поредокот во Мото ГП

Објавено

на

Енеа Бастијанини победи на Мото ГП трката во Остин, со што стигна до втор триумф сезонава во најелитната класа во шампионатот.

Членот на Гресини ја искористи доминацијата на Дукати за втор триумф воопшто и во својата кариера, а место на подиумот имаше и за Алекс Ринс и Џек Милер.

Милер долго имаше предност на патеката во Тексас, но во завршницата Бастијанини стигна до второто место, а на пет круга до крајот го презема и водството, кое го одржа до крајот на трката.

Марк Маркес и покрај падот на самиот старт, успеа да го освои шестото место, додека актуелниот шампион Фабио Квартараро заврши веднаш зад него.

Во пресрет на следната трка во Португалија, Бастијанини води во генералниот пласман со 61 поен, а следува Ринс со 56 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни