Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бартомеу најави сериозни промени во Барселона: Пике има право, следува спроведување на одлуките!

Објавено

на

Историскиот потоп на Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе предизвика сериозни последици во клубот, а неполн час по ужасната претстава на првиот тим, претседателот Жосеп Марија Бартомеу собра храброст да се соочи пред медиумите.

Претседателот на Барса отворено говореше за срамното издание на неговиот тим и поразот од 8:2, со тоа што уште вечерва најави дека ќе има сериозни промени во неколку сфери. Баерн со нестварни 8:2 ја демолираше Барса и покажа супериорност каква што ректо се гледа на еден натпревар во четвртфинале во Лигата на шампионите, а кога една таква слика се гледа против голем тим како што е каталонската гордост, не чуди што реакциите се прежестоки во јавноста.

– Пред се, сакам да им се извинам на навивачите на Барселона и на сите сосиоси во клубот. Имаме донесени некои одлуки уште пред рестартот на Лигата на шампионите, а оваа вечер дополнително ќе не замисли. Од следната седмица, ќе излегуваме со соопштенија и ќе ги кажуваме промените.

– Ова е превисок резутлат, му честитам на Баерн, ние едноставно не бевме на нивото. Пике има право, мора да се носат тешки одлуки, а дел од нив веќе ги размислувавме. Сега ќе мора да ги спроведеме на дело.

– Ова е многу тешка ноќ за нас, поразот е претежок. Не бевме на нивото на клубот кој го претставуваме. Навистина многу жалам. Претпочитам да не ви ги кажувам одлуките кои ги размислувавме, не е добро вечерва да се збори и за иднината на Сетиен. Ќе размислуваме овие неколку дена, а од следната седмица ќе ги дознаете одлуките, – изјави Бартомеу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни