Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона си поигра со Кадиз и дојде до лидерската позиција во Ла Лига (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Барселона ја потврди својата одлична форма и на вечерашниот натпревар против Кадиз кого го совлада на негов терен со 4-0.

Каталонците беа многу подобар, поконретен ривал со тоа што отпорот на противникот го скршија во второто полувреме.  Се започна од Френки Де Јонг кој го отвори резултатот во 55 минута со својот прв погодок во сезона.

Нововлезениот Левандовски во 65 минута зголеми на 2-0 по што стана јасно каде ќе завршат трите бода. Потоа мораше да дојде до прекин на натпреварот откако еден навивач имаше здравствени проблеми на трибините, па откако тоа се реши играчите одново се појавија на теренот и избраниците на Чави со уште два гола го докусурија фенерџијата во Примера.

Навивач се бори за живот, мечот меѓу Кадиз и Барселона е прекинат (ВИДЕО)

Фати и Дембеле ставија точка на приказната, па сега Барса со 13 е на лидерската позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни