Поврзете се со нас

Италија

Барселона мерка играч на Наполи: Разговаравме со Деко…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона ќе се обиде да ги засили своите редови во летниот преоден рок и покрај комплицираната финансиски состојба во клубот, а еден од приоритетите е да се најде последен играч за врска, позиција која не е адекватно покриена по заминувањето на Серхио Бускетс.

Многу имиња се спомнаа низ медиумите низ изминативе месеци, година, ама ниту едно од тие сценарија не се реализираше пред се поради финансиски причини. Сепак ова лето се очекува тоа да се промени и шпанскиот великан има неколку опции со тоа што по се изгледа една од нив е Станислав Лоботка од Наполи за кого тренерот Чави Ернандес имаше пофални зборови пред соочувањето во ЛШ.

-Лоботка сака да игра за клуб кој се бори да ја освои Лигата на шампионите. Тој има 30 години, па ако добие понуда која не може да се одбие, ќе разговараме со клубот. Разговаравме за тоа со Деко. Барселона би потпишала со него, но многу работи мора да се случат. Станислав ми испрати скриншот од она што Чави го кажа за него. Му испратив една која покажува колку пати сме зборувале за него, бидејќи тој [Чави] често ме прашува за Лоботка, -вели агентот на Словакот, Бранислав Јарусек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни