Поврзете се со нас

Шпанија

Чави ги стави Осимен и Кварацхелија во втор план и го истакна најдобриот играч на Наполи: Тој никогаш не губи топка

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес ги охрабри своите играчи да излезат на теренот без страв и да го дадат најдоброто од себе утревечер на „Монжуик“, стадион на кој каталонците ќе бркаат пласман во четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.

Тренерот на Барселона нема да може да смета на клучни играчи како Педри, Гави, Де Јонг, Балде и Феран Торес, но и покрај тоа, верува дека публиката може да биде 12-ти играч и да го води тимот до голема победа и пласман меѓу осумте најдобри екипи во Европа.

– Ова е најважниот меч во сезоната за нас. Подготвени сме и имаме голема страст. Четири години не сме биле дел од четвртфиналето во Лигата на шампионите и време е да се најдеме меѓу осумте најдобри. Сакаме да се натпреваруваме, знаеме дека утре не чека тежок ривал. Имаме златна шанса, очекувам преполн стадион, очекувам фановите да бидат наш 12-ти играч.

– Наполи е динамичен тим, го има костурот од минатата сезона иако не се наоѓа во најдобра форма. Сакаме да покажеме дека сме подготвени за исчекор. Бевме подобри на првиот меч во Неапол и тоа треба да го потврдиме и утре, – изјави Чави, кој го посочи Лоботка како играч кој најмногу му се допаѓа од целиот тим на Наполи.

– Најмногу ми се допаѓа Лоботка. Тој е играчот кој им ја конструира играта и речиси никогаш не губи топки. Би сакал да го видам во клуб како Барселона, тој прави главна разлика во Наполи, – заклучи Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни