Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона доби зелено светло од Ла Лига, Лапорта има состанок со таткото на Меси (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.barcablaugranes.com/

Барселона некое време го очекуваше одговорот од Ла Лига кога е во прашање финансискиот план, одговор кој е позитивен по што клубот реши веднаш да се фати за работа и да се обиде да ги оствари зацртаните цели.

Јавна тајна е дека каталонците сакаат да го вратат Лионел Меси во своите редови, па како што стојат работите Барса на чело со претседателот Жоан Лапорта се впушти во акција за ангажман на Аргентинецот и најдобар доказ за тоа се последните снимки кои доаѓаат од Шпанија.

Имено таткото на Лео кој воедно е негов агент, Хорхе има состанок со Лапорта и тоа во куќата на првиот човек на шпанскиот великан. Останува да се види каков ќе биде исходот од истите и дали Меси може да се врати дома во клубот во кој го мина најголемиот дел од кариерата и ги оствари најголемите успеси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни