Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен најави пасивен преоден рок

Објавено

на

Баерн Минхен нема да биде активен во летниот преоден рок, што ќе биде последица на финансиската штета која за клубот ја донесе пандемијата.

Германскиот првак веќе го обезбеди потписот на Даjo Упамекано од РБ Лајпциг, но тоа ќе биде единствениот позначаен трансфер во овој преоден рок, велат од клубот.

– Ако го тргнеме на страна Упамекано, немаме можност за ангажирање други фудбалери во големи трансфери.

– Иако сме во солидна финансиска ситуација, не смееме да го потцениме ефектот на падемијата.

– Го ангажиравме и Омар Ричардс, а други седум фудбалери треба да се вратат од заем. Најважно е да го зацврстиме составот на сите позиции и мислам дека ќе успееме, – изјавил Хеберт Хајнер, актуелниот претседател на бундеслигашот.

Баерн ќе му плати на РБ Лајпциг 42,5 милиони евра за трансферот на францускиот дефанзивец Упамекано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни