Поврзете се со нас

Германија

Баерн ја продолжи соработката со најдобриот стрелец (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен утре му гостува на Штутгарт во дуелот кој е последна проверка за германскиот првак пред реваншот со ПСЖ во Лигата на шампионите, меч на кој целта е да се освојат трите бода и во што подобра атмосфера да се дочека соочувањето со „светците“.

Во пресрет на тој предизвик клубот од Минхен заврши една важна работа и ја продолжи соработката со играчот кој е најдобар стрелец во актуелнава кампања-тоа е Ерик Максим Чупо Мотинг.

-Јас сум супер среќен што останувам подолго и што ќе продолжувам да се забавувам со клубот. Овде се чувствувам како дома. Моето семејство исто така се чувствува како дома во Минхен. Ова е многу важно за мене. Очигледно сум задоволен што можам да му помогнам на тимот толку многу. Навистина добро се снаоѓам со момците, напорно работиме на нашите цели. Конкуренцијата е голема, но кога сакате да бидете меѓу најдобрите, тоа е дел од тоа. Тоа е единствениот начин на кој можете да освоите многу титули. И ние сè уште имаме големи планови. Целиот пакет е вистински во Баерн. Нема причина да се смени ништо, -порача Камерунецот кој сезонава има 15 голови зад своето име.

Според новиот договор напаѓачот ќе биде дел од оваа средина до 30 јуни 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни