Лига на шампиони
Баерн, Барселона и Интер се во „групата на смртта“, сериозни предизвици за Елмас, Ристовски и Адеми
Одржана е ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите, а истата ни донесе доста интересни комбинации, односно пред нас се пеколни натпревари.
Најжешко ќе биде во групата Б во кое се најдоа Баерн Минхен, Барселона, Интер и чешки Плзен кој ќе биде аутсајдер во оваа конкуренција. Ова значи дека Роберт Левандовски ќе се врати „дома“ во клубот во кој долго време газеше и беше најдобар стрелец.
Актуелниот шампион Реал доби ривали по мерка и ќе се соочи со Лајпциг, Шахтјор и Селтик, додека пак нашите репрезентативци Елиф Елмас, Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе имаат сериозни предизвици.
Елмас со својот Наполи ќе изглезе на мегдан со Ајакс, Ливерпул и Ренџерс, додека македонската двојка од Динамо Загреб ќе игра против Милан, Челси и Салцбург.
Групната фаза ќе започне на 6 септември, а ќе заврши на 2 ноември.
Групна фаза на ЛШ:
А: Ајакс, Ливерпул, Наполи, Ренџерс
Б: Порто, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Бриж
Ц: Баерн Минхен, Барселона, Интер, Плзен
Д: Ајнтрахт Франкфурт, Тотенхем, Спортинг, Марсеј
Е: Милан, Челси, Салцбург, Динамо Загреб
Ф: Реал Мадрид, РБ Лајпциг, Шахтјор Доњецк, Селтик
Г: Манчестер Сити, Севилја, Борусија Дортмунд, ФК Копенхаген
Х: ПСЖ, Јувентус, Бенфика, Макаби Хаифа
-
Лига на шампионипред 19 часа
Реакцијата на разочараниот Мбапе откако доби прашање дали ќе навива за Реал против Баерн (Видео)
-
Лига на шампионипред 14 часа
Капело ја детектираше најголемата грешка на Луис Енрике и двајцата најслаби играчи на ПСЖ
-
Шпанијапред 16 часа
Реал Мадрид два пати ќе го добие пехарот за освоената Ла Лига
-
НБАпред 18 часа
НБА ја одреди казната за Мареј, ѕвездата на Денвер скапо ќе ги плати потезите на дуелот со Минесота
-
Лига на шампионипред 18 часа
Ал Келаифи се огласи за иднината на Луис Енрике по елиминацијата од Борусија: Дали разбирате фудбал…
-
Конференциска лигапред 6 часа
Фиорентина втора година по ред ќе игра во финалето на Конференциската Лига (ВИДЕО)
-
НБАпред 19 часа
„Шектин а фул“ во полн сјај: Гобер со чекори кои се гледаат од авион, Вилијамс со шокантен имиџ…(ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 4 часа
Уште една волшебна ноќ на „Бернабеу“: Реал со голем пресврт до билет за финалето во ЛШ (ВИДЕО)