Поврзете се со нас

Конференциска лига

Астон Вила конечно проработи и во Европа, Астана на Амановиќ ја освои Приштина

Објавено

на

Премиерлигашот Астон Вила конечно вистински проработи и во Европа и тоа во Конференциската лига каде го уништи Аз Алкмар на негов терен со 4-1.

Клубот од Бирмингем беше поразен од Легија во првото коло, потоа едвај го победи Зрињски пред своите гледачи, но вечерва избрниците на Емери покажаа што знаат и умеат и со головите на Бејли, Тилеманс, Воткинс и МекГин го суредија холандскиот претставник за кого единствениот погодок беше дело на Садик.

Македонскиот интернационалец Алекса Амановиќ и неговата Астана пак ја освоија Приштина, поточно го совладаа Балкани со 2-1. Амановиќ ги одигра сите 90 минути и беше еден од најдобрите актери на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни