Поврзете се со нас

Шпанија

„АС“: Димитриевски има преддоговор за голем трансфер, ќе биде наследник на Мамардашвили

Објавено

на

Foto:twitter.com/RayoVallecano

Столе Димитриевски пред извесно време откри дека се уште го чека Рајо Валјекано и има желба да остане во мадридското предградие, но угледниот „АС“ тврди дека Македонецот нема да добие нов договор од првиот човек на клубот, што му ја отвора вратата за голем трансфер на лето.

Македонскиот репрезентативец е мета на неколку познати шпански клубови и се поизвесно е дека ќе остане во Ла Лига, а „АС“ тврди дека Столе всушност има преддоговор со Валенсија која оваа сезона игра допадлив фудбал под водство на Рубен Бараха.

Познатиот мадридски весник информира дека Валенсија е подготвена да инкасира голема сума на пари и да го продаде Гиорги Мамардашвили кој е мета на неколку големи клубови од Европа, па затоа веќе остварила преддоговор со извонредниот Столе кој ја има убедливо најдобрата сезона во својата кариера на клупски план.

Добра вест за „лилјаците“ ќе биде тоа што Столе би пристигнал како слободен агент во ситуација кога му истекува договорот со Рајо, но што е уште поважно, би добиле искусен голман кој веќе добро знае каков притисок носат натпреварите во Примера.

Информациите на „АС“ обично се релевантни и навистина точни кога се во прашање мадридските клубови, па ако така биде случајот и овојпат, Столе од наредната година ќе го гледаме на „Месталја“ како прв голман на Валенсија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни