Поврзете се со нас

Олимписки игри

Арбреша Реџепи нема да го носи македонското знаме на отворањето на Олимписките игри

Објавено

на

Од Македонскиот олимписки комитет (МОК) во текот на претпладневните часови објавија дека џудистката, Арбреша Реџепи нема да го носи македонското знаме на церемонијата за отварањето на Летните Олимписки игри во Токио.

Реџепи требаше заедно со таеквондистот, Дејан Георгиевски да го вее македонското знаме на официјалната церемонија, но поради близок контакт со лице позитивно на Ковид-19 таа нема да смее да учествува на отварањето.

Од МОК објавија дека за неа е обезбеден посебен транспорт со кој оди на тренинзи, а нејзиниот настап на игрите засега не е доведен во прашање.

Според новите правила на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), секоја земја учесник ќе има по двајца знаменосци, еден од машка, а друг од женска конкуренција.

Македонија во Токио ќе ја претставуваат двајца пливачи, Блажевска-Еминова и Деркоски и по еден таеквондист (Георгиевски), атлетичар (Стојоски), џудист (Реџепи), каратист (Јованоска), стрелач (Бранковски) и борач (Нуров).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни