Поврзете се со нас

Лига на нации

Ангеловски го одреди почетниот состав за „финалето“ против Грузија

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација наскоро ќе го започне историскиот натпревар против Грузија, чиј победник ќе обезбеди пласман на Европското првенство.

Нашиот селектор Игор Ангеловски веќе го објави почетниот состав и одреди очекувана единаесетка за почеток на важната пресметка во Тбилиси.

На голот очекувано е Димитриевски, во одбраната ќе играат Велкоски, Муслиу и Бејтулаи, во средниот ред Николов, Адеми, Алиоски и Ристовски, додека Елмас ќе биде зад напаѓачкото дуо Пандев и Несторовски.

На клупата се Богатинов, Шишковски, Тотре, Тричковски, Трајковски, Костадинов, Зајков, Стојановски и Спировски.

Натпреварот започнува од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни