Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за последната партија на Реал: Можеби грешам, но…

Објавено

на

Реал Мадрид ги освои трите бода во градската пресметка со Рајо Валјекано и со тоа ја зголеми предноста во однос на Севилја во борбата за титулата во Ла Лига.

Шпанскиот гигант иако оствари победа од 1-0 не блескаше на „Валјекас“, но тренерот Карло Анчелоти смета дека нема ништо негативно што може да се издвои кај неговата екипа од вечерашната партија.

-Многу сум задоволен од работата, посветеноста и интензитетот вложени во натпреварот. Ова беше натпревар во кој беше потребно да бидеме конкурентни на многу начини. Јас сум многу, многу задоволен. Ова е тешко место за игра поради атмосферата, поради теренот, но ние завршивме добра работа.

-Овде не победиле многу тимови, особено не удобно. Можеби грешам, но денеска не видов ништо негативно.  Јас сум многу среќен. Понекогаш не успевате, но важно е да се обидете и ние пробавме се што можевме.

-Можеме да кажеме дека овој натпревар беше како финале, бидејќи Реал Мадрид обично победува во финалиња. Мислев дека тимот има многу енергија и бевме среќни што имаме една недела да тренираме добро. Ние сме во добра форма. Јас сум многу среќен, -порача италијанскиот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни