Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти со прогноза за битката меѓу Сити и Реал: За да победиш во ова натпреварување…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид и Манчестер Сити го сочинуваат најинтересниот пат во четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, пресметка на два клуба кои ја сакаат титулата, но само еден од нив ќе има можност да го продолжи патот кон врвот на ова натпреварување.

Низ изминативе години овие два клуба редовно се соочуваат во нокаут фазата и многу добро се познаваат, па предводникот на „кралевите“, Карло Анчелоти очекува израмнета битка во која ќе решаваат детали.

-Тие се ривалот кого сите го сметаат за фаворит. Ќе биде тешка пресметка, но во Мадрид имаме самодоверба да бидеме успешни. Реваншот во Манчестер е нешто друго. За да победиш во ова натпреварување, треба да ги победиш најдобрите.

-Мислам дека ќе биде слично како и претходните години. Една година ние победивме, другата тие победија, ќе видиме како ќе биде, -истакнал Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни