Поврзете се со нас

Формула 1

Алонсо продаде редок модел на Ферари и заработи астрономска сума (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AstonMartinF1

Фернандно Алонсо како автомобилистички ветеран внесе позитивни ветришта во „најбрзиот циркус во светот“, а поради своите перформанси во Астон Мартин докажа дека се уште е еден од најдобрите пилоти во Формула 1.

Искусниот шпански возач доживува втора младост во најпопуларниот мото-спорт, но работите добро му одат и на приватен план, бидејќи се дознава дека направил добра зделка, односно ја добил посакуваната сума за еден од ретките модели на Ферари, кој „дремел“ во неговата гаража.

Аукциската куќа „Монако Карс“ обелодени дека после долги години е продаден Ферари автомобил од моделот „Енцо“,  чиј сопственик е поранешниот шампион во Формула 1. Според сторијата на „Марка“, во минатото овој автомобил бил повлекуван од продажба и наддавање, бидејќи не ја постигнал посакуваната цена.

На последната аукција која била организирана во Монте Карло, каде возилото кое е познато и како „Scocca n.1“ добило нов сопственик за сума од 5,4 милиони евра.

Овој модел на Ферари се произведуваше од 2002-ра до 2004-та година и има само 400 примероци од истиот (беа продадени 399 и еден му беше подарен на папата Јован Павле Втори), а споменатиот примерок на Алонсо имал поминато само 4.800 километри. Станува збор за моќен „ѕвер“ со 6.0-литарски В12 мотор кој има 651 коњска сила, а чија максимална брзина е 355 километри на час.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни