Поврзете се со нас

Формула 1

Алонсо доби казна и загуби позиции во пласманот на Ф1 трката во Австралија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AstonMartinF1

Фернандо Алонсо доби казна од стјуардите поради опасно возење во финишот на Формула 1 трката за Големата награда на Австралија и поради тоа ќе има послаб пласман од овој трет натпревар во новата сезона.

Шпанецот е казнет со 20 секунди, поради што наместо шестото, официјално го освои осмото место во Австралија, а причина е неговиот потег во дуелот со Џорџ Расел, по кој возачот на Мерцедес имаше инцидент и за среќа мина без посериозни последици.

Алонсо им признал на стјуардите дека притиснал претерано на сопирачките во свијокот број шест, а потоа нагло забрзал, со што предизвикал опасна ситуација од која подебелиот крај го извлече Британецот.

Возачот на Астон Мартин добил и три казнени поени.

Со оваа казна, шестото и седмото место сега им припаѓаат на Ленс Строл и Јуки Цунода, а зад Алонсо остануваат Хулкенберг и Магнусен од Хас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни