Поврзете се со нас

АТП

Алкарас не издржа ни два сета, Оже-Алиасим обезбеди дуел со Медведев

Објавено

на

Карлос Алкарас ги воодушеви тениските фанови со настапите на Ју-Ес Опен, но не успеа да го мине четвртфиналето.

Шпанскиот тинејџер одигра нецели два сета во дуелот со Феликс Оже-Алиасим, по што го предаде мечот и му овозможи на противникот поодморен да го очекува полуфиналето.

Оже-Алиасим го доби првиот сет со 6:3, водеше во вториот со 3:1, по што неговиот противник се пожали на повреда и го испрати во следната рунда.

За Канаѓанецот ова ќе биде прво грен-слем полуфинале во кариерата и можност да го продолжи најголемиот успех со евентуален пласман на завршниот меч на турнирот во Њујорк.

Оже-Алиасим во полуфиналето ќе се сретне со Данил Медведев, кој вчера загуби сет, но повторно убедливо стигна до победа на Ју-Ес Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни