Поврзете се со нас

Италија

Алегри пред градското дерби: Карантинот не е казна за фудбалерите

Објавено

на

Јувентус е во голема криза и се претвори во вистинско разочарување за фановите, а градското дерби со Торино е уште еден голем предизвик на кој „бјанконерите“ не смеат да си дозволат нова грешка.

Макс Алегри е свесен за незгодниот противник кој го очекува, а истовремено зборувал и за шпекулациите кои се појавија во однос на карантинот кој беше одреден во пресрет на утрешната средба.

– Не е точно дека некои фудбалери не сакале да бидат во овој карантин. Никој не побара да се смени одлуката и ова не е казна за играчите, туку можност да бидеме заедно и да разговараме повеќе.

– Единствениот начин да се извлечеме од оваа ситуација е да ги подобриме резултатите. Однадвор можеби изгледа дека тимот е разединет, но сите имаме иста цел и сакаме да излеземе од кризата. Сега ни претстои дерби со квалитетен противник кој игра агресивно, – изјавил Алегри.

Торино ќе биде домаќин на утрешното градско дерби, а средбата започнува од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни