Поврзете се со нас

Италија

Алегри направи реална споредба меѓу Влаховиќ и Роналдо по спектакуларната партија на Србинот

Објавено

на

Душан Влаховиќ продолжи да ги тресе мрежите во Серија А како што тоа го правеше и во дресот на Фиорентина, но бидејќи ја прифати одговорноста во поголем клуб како Јувентус, италијанските новинари се се повеќе воодушевени од српскиот напаѓач.

Влаховиќ постигна два мајсторски гола во шеснаесетникот на средбата против Емполи која и припадна на Јувентус со 2:3, а тренерот Масимилијано Алегри воочи еден голем напредок кај напаѓачот на овој меч, а притоа го спореди и со човекот кој претходно го носеше дресот со број „7“ во Торино.

– Влаховиќ е играч кој има каратер, сака да победува, но што е најважно, сака да учи. Тој се движеше многу подобро од претходните натпревари, а тоа го барав од него. Не стоеше само централно, со своето движење донесе голема предност за себе, но и за Јувентус.

– Влаховиќ како Роналдо? Не можеме да го споредуваме со човекот со број „7“ кој освои четири „Златни топки“. Влаховиќ е на почетокот на својата кариера.

– Добар натпревар не е доволен за да го споредите со Роналдо, мора да имате неверојатна ментална сила за да бидете како Кристијано, а Душан е на самиот почеток на својот пат, – вели Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни