Поврзете се со нас

Италија

Алегри ја префрла топката пред големото дерби: Тие се најдобри и го имаат најдобриот тренер

Објавено

на

Масимилијано Алегри прв го најави големото дерби со кое ќе биде отворено новот коло во Серија А, во кое силите ќе ги одмерат Наполи и Јувентус на „Диего Армандо Марадона“ стадионот.

Наполи влегува во овој дуел како лидер на табелата и со седум бода повеќе од Јувентус, но тимот од Торино има серија од осум последователни победи во домашното првенство и самодовербата е на највисоко ниво.

И покрај тоа, Макс Алегри смета дека Наполи е фаворит поради тоа што игра на домашен терен, но и воглавно за титулата во Калчо лигата поради убавата предност која ја стекна во првиот дел од сезоната.

– Наполи е фаворит на мечот и фаворит за освојување на титулата. Имаа освоено 44 бода досега и загубија само на еден меч. Технички се најдобри и добро се истренирани.

– Спалети е најдобриот тренер кога е во прашање учењето фудбал и тоа го докажува во Наполи. Го почитувам Спалети, но јас сум многу поразличен од него. Нема подобар од него кога е во прашање учењето фудбал, – вели Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни