Поврзете се со нас

Германија

Алаба ја потврди разделбата со Баерн, допрва ќе донесе одлука за новиот клуб

Објавено

на

Давид Алаба дефинитивно ја завршува приказната со Баерн Минхен, вест која ја потврди самиот австриски репрезентативец.

Алаба 13 години е дел од германскиот гигант во кој освои 24 големи трофеи по водство на шест различни тренери, но се што е убаво има и крај, па така играчот иако имаше можност да продолжи на „Алијанц Арена“ се одлучи да побара нов предизвик во кариерата.

-Ова не беше лесна одлука. Јас сум тука веќе 13 години и Баерн ми е навистина при срце. Јас сум многу благодарен на клубот за многу работи. Одвоив време затоа што не е лесна одлука која може да се донесе преку ноќ. Одлучив да направам нешто ново – нов предизвик. Сè уште не сум ја донел одлуката (за мојот нов клуб), тоа останува да се види.

-Не е тајна дека моите луѓе се во контакт со неколку клубови. Но, многу работи се пишуваат за тоа, сакам да се концентрирам целосно на мојата задача. Парите не беа фактор во мојата одлука, -истакна Алаба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни